Драма во Русија: Маж држи шест деца во стан под закана со секира (ВИДЕО)

597
Маж вооружен со секира држи во заложништво шест деца во стан во предградијата на Санкт Петербург, Колпино, пренесуваат руските агенции.

Извор од безбедносните сили за агенцијата РИА Новости изјавил дека човекот бил пијан, а со полицијата контактирала неговата сопруга, која не можела да влезе во станот.

Полицијата преговара со човекот, но тој досега не упатил никакво барање.

Агенцијата ТАСС известува дека човекот се забарикадирал во станот со децата и дека причина за земање на децата како заложници може да биде неговиот конфликт со сопругата.

Според некои податоци, човекот е во нарушена состојба и работел во агенциите за безбедност целиот свој живот и има дозвола за огнено оружје, пренесува рускиот портал Вести.