Драма во Србија: Кумот на Александар Вучиќ испрашуван за учество во подготовка на атентат врз српскиот претседател

639

Што се случува во Србија? Актуелниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, и еден од тројцата најблиски и најверни луѓе на српскиот претседател Александар Вучиќ, Славиша Кокеза, денес е испрашуван дали учествувал во подготовка на можниот атентат врз Вучиќ.

Кокеза одбил да сведочи на полиграф. Тоа го пишуваат српските медиуми. Инаку Кокеза многу често со поврзуваше со групата на Веља Невоња а исто така неговото име се јавуваше и во многу новинарски стории кои се однесуваа на трговија со оружје.

Поранешниот службеник на поранешната служба за државна безбедност и приватен детектив Божидар Божа Спасиќ објасни зошто претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, одбил да биде испрашуван со помош на детектор за лаги.

Едно од прашањето кое му било поставено на Кокеза е дали учествувал во подготовката на атентатот врз српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во пракса, тоа не е судски доказ, не се доставува до судот, има сила и значење само за полициските власти, објаснува Божидар Спасиќ.

Ако некој одбие полиграфски тест во полиција, тоа е оправање до вистината да се дојде со други средства и методи, вели тој.

Меѓутоа, одбивањето на полиграфот покажува дека совеста не е чиста. Поголема штета е за оној што го одбива сведочењето на полиграф, отколку за оној што го прифаќа, објаснува поранешниот агент на УДБА.

Според неговите зборови, тој кој одбива полиграф може да си направи повеќе штета отколку корист.

На овој начин тој стана дури уште поинтересен за полицијата и другите служби, затоа што се поставува прашањето, што крие тој? Тој едноставно можеше да се согласи на полиграф и да се исклучи како личност од интерес за истрагата. Претпоставувам дека тој мислеше дека на полиграф би бил испрашуван исклучиво за неговите врски со Вељко Беливук, но веројатно се плашел и од можни прашања во врска со протокот на пари во фудбалот, матните зделки за продажба на играчи и слични работи, изјави Спасиќ за српскиот Курир.

Спасиќ потсети и на уште еден интересен случај поврзан со полиграфското испитување.

Уште едно лице кое во последно време беше многу присутно во медиумите, поранешниот државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Србија, Дијана Хркаловиќ, исто така, одби тестирање на полиграф.

Во нејзиниот случај, тоа е уште по-парадоксално, бидејќи таа го спонзорираше враќањето на полиграфите на српската полиција. Последните неколку години пред таа да дојде на таа позиција, тој метод беше, ако не беше скоро заборавен, тогаш беше многу ретко применуван. Таа го промовираше, и сега кога дојде редот таа да седне на столот на испрашуваните, таа го одби детектор за лаги, се присетува Божидар Спасиќ.

На прашање од оперативците зошто не сака да се подложи на ваков вид на испрашување, Кокеза одговори дека така го советувал претседателот на Високиот суд во Белград, Александар Степановиќ, кој му рекол дека не треба да го прави тоа. Ова фрла целосно ново светло на целиот овој случај, особено ако имаме предвид дека претседателот Вучиќ јавно предупредуваше на врските на Степановиќ со странските разузнавачки служби и не е тајна дека со тоа се пофали и самиот претседател на Високиот суд, пишуваат српските медиуми.

Според извештаите во медиумите, Кокеза дури негирал дека го познавал Дарко Елез, кој неодамна беше екстрадиран во БиХ, а оперативците се сомневаат дека тој очигледно не ја кажал вистината затоа што има бројни сведоци кои тврдат дека биле во блиска врска. После се што излезе денес, нема сомнеж дека полицијата повторно ќе го сослушува Кокеза.