Драма зад камерите: После скандалот со комичарот, Оскарите најверојатно нема да имаат водител – зошто никој не сака да биде домаќин на најголемиот настан во Холивуд?

728

Во почетокот на декември минатата година објавено е дека комичарот Кевин Харт ќе биде водителот на Оскарите кои треба да се одржат на 25 февруари во Лос Анџелес. Но, набрзо беше објавена статија на Гардијан за неговите твитови од 2009 и 2010 година кога пишуваше хомофобични шеги, помеѓу сè и тоа дека би се откажал од синот доколку дознае дека е хомосексуалец.

После избувнувањето на Интернетот, Кевин Харт се огласи и изјави дека нема да ја прифати оваа работа.

Во меѓувреме тој повторно се извини и гостуваше кај Елен Деџенерис, која е лезбејка повеќе од 20 години, дури и таа навива Академијата повторно да го ангажира Харт да биде водител, но комичарот изјави дека не му паѓа на памет да ја прифати работата.

via GIPHY

“Докажав дека напредував, пораснав и за тоа време научив многу. Повеќе нема да зборувам за тоа. Ако Вие не гледате дека сум подобра личност, тоа е Ваш проблем. Не би требало да докажувам кој сум”, рекол Харт.

Исто така изјави дека нема да ја прифати работата, бидејќи веќе нема време за подготовки, а тој е перфекционист.

via GIPHY

Но, оттогаш помина еден месец, а Оскарите сè уште немаат водител. На организаторите им е јасно дека времето поминува, но никако не можат да пронајдат личност која би се согласила да ги води Оскарите.

“Тоа е настан на кој сите очи се вперени во тебе. А, кога работиш нешто во кое си центар на внимание, со толку фокус на тебе и толку интензитет, мораш да бидеш подготвен на различни мислења од различни луѓе. Се обидувам да се потсетам кога последен пат сите би биле задоволни со водителот на Оскарите-помина долго време”, рекол комичарот Сет Мекферлејн, кој беше домаќин во 2013 година.

“Доделувањето на наградите стана досаден и застарен формат. Не е лесно да им направите забава на луѓето кои се прилагодени на поразличен начин на забава. Работата е тешка и не ми е чудно што не можеме да пронајдеме некој кој би ги водел Оскарите”, рекол тој.

via GIPHY

Неговиот колега Џими Кимел ги водеше во 2017 и 2018 година, но веќе после првиот пат рекол дека тоа не сака да го повтори.

И додека некои сметаат дека можна замена би била Елен Деџенерис, бидејќи е една од оние комичарки кои сите ја сакаат, а ги водеше Оскарите во 2014 година, наводно организаторите размислуваат за тоа да имаат повеќе презентери кои би се менувале и изведувале скечеви, нешто во стилот на SNL.