Ако САД одлучат да излезат од НАТО, Европа ќе биде неспособна да и се спротивстави на Русија во воен конфликт, пишува “National Interest”, повикувајќи се на Меѓународниот институт за стратешки истражувања.
Меѓу другото, се разгледуваат неколку сценарија со наводен напад на Русија на една од државите на Алијансата. Во едно од нив, Русија ја зазема Литавнија и дел од територијата на Полска, што го тера НАТО да ја искористи петтата точка од уставот на Алијансата, која подразбира колективна реакција како одговор на напад на една од државите членки на блокот.
Сепак, како што наведуваат експертите, операцијата за одбивање на “напад на руските сили” би се соочила со низа проблеми. Во овој момент, војската на Алијансата во Европа има само една дивизија, а во случај на итна мобилизација, без поддршка на САД, НАТО може да и се спротивстави на Русија само со еден корпус војници, додека за добивање на предност во бројност потребни се четири корпуси, кои се вооружени со современи тенкови и борбени пешадиски возила.
Во овој момент НАТО тешко да има повеќе од 20 бригади кои поседуваат потребна техничка опрема за водење на борба.
Во Алијансата не би имало доволно сили кои се потребни за таков развој на настаните, наведува весникот. Освен тоа, кај копнените сили на Североатлантската алијанса во Европа се чувствува недостигот на воздушна техника, која е доволна само за заштита на авио-базите, но и за копнените сили и другите инфраструктурни воени објекти.
Освен тоа, пишува “National Interest”, по неколку дена борба нема да има доволно муниција за водење борби истовремено во Балтичкото, Црното и Средозенмното море, а посебно паметни бомби. Притоа, на ситуацијата ќе се одрази и недостигот на дронови, како и недоволната модернизација на извидничките системи.
Според оценките на експертите, модернизацијата на оружјето и купувањето на современа техника, без помош на САД, Европа ќе ја чини вкупно 357 милијарди долари.
На крајот весникот нагласува дека САД е клучна членка на НАТО и без помош на Вашингтон Европа нема да биде способна да се спротивстави на Русија. Ако САД одлучат да излезат од Алијансата, ЕУ нема да може да ја надомести таквата загуба.