Драматични сцени во Белград: Низ ходниците црни кеси со мртви тела, млади луѓе се борат за живот

729

Ходници преполни со починати во црни кеси, голем број на интубирани лица и заразени пациенти кои се борат за секој здив – ова се сцените кои можат да се видат во српска Батајница, во близина на Белград.

„Ова никогаш се нема случено од отворањето на Ковид болницата. Сепак, тоа што најмногу ме плаши е што во моментот, сликата која што ја гледаме тука наликува на таа што можевме да ја видиме пред една година во Италија“, изјави доктор Татјана Аџич Вукичевиќ, директорка на Ковид болницата во Батајница.

„Текот на болеста е многу тежок и непредвидлив, тоа што го гледаме е неверојатна тромбоза, луѓето остануваат без раце, нозе. Вирусот е непознат, недефиниран и не поминува барем ден еден пациент да не е опериран поради тромбоза“, изјави Вукичевиќ и додаде дека иако сега пациентите пристигнуваат во болницата на време, сепак клиничките слики се многу потешки.