Драматично: Авион истовремено го удрија три молњи!

1076

Драматична снимка од слетување на патнички авион на лондонскиот аеродром „Хитроу“ прикажува како леталото истовремено е погодено од три молњи.

Авионот полека низ сивите облаци се приближуваше кон пистата за слетување кога одненадеж беше „погоден“ од три молњи истовремено. За среќа, авионите се добро заштитени и молња не може да предизвика поголеми проблеми.

Се проценува дека секој авион еднаш годишно или еднаш на две години е „мета“ на молња.