Американските пожарникари морале да се пробијат низ мразот за да спасат две заглавени лица откако камионот им паднал во мореузот во државата Конетикат кај Лонг Ајленд, соопштиле локалните власти.
На снимките на социјалните мрежи во близина на градот Стемфорд во Конетикат, може да се види како спасувачите пуштаат скалила кон мразот за да спасат две лица од камион кој тоне.
“Силните ветрови, снегот и плимата продолжија да го поместуваат возилото и да го полнат со вода”, рекол Мет Палмер, заменик шеф на пожарната служба во Стемфорд, пренесува “Reuters”.
Снегот од околу 60 центиметри, кој паднал во понеделникот и вторникот на североистокот на САД, убил три лица и го блокирал речиси целиот сообракај.
Некои од спасувачите од Стемфорд, кои носеле жолти заштитни елечиња, пливале низ ледената вода на мореузот за да ги извлечат луѓето од камионот, пред целосно да потоне.

