Драстична промена на имиџот: Никол Кидман изгледа како да се вратила 20 години наназад!

919

Актерката била забележана со новата боја на коса на Менхетн, а многумина не одолеале на коментарите дека Кидман во ова издание е поогнена!

Уште на почетокот на годината, модниот свет и трендовите го предвиделе големото враќање на црвенокосите убавици кои повторно ќе завладеат со Холивуд. Токму австралиската актерка Никол Кидман докажала дека предвидувањето е вистинито.

Познатата актерка ги изненадила сите со драстичната промена на имиџот, иако многумина ги потсетила на некогашната улога во популарниот филм „Мулен Руж“.

ФОТО: Profimedia

Актерката била забележана со новата боја на коса на Менхетн, а многумина не одолеале на коментарите дека Кидман во ова издание е поогнена отколку со руса коса.

ФОТО: Profimedia

Промената била полн погодок кој значително ја подмладил актерката и освен на споменатиот филм, потсетува и на нејзиниот имиџ што го негувала во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

И денес, повеќе од 30 години подоцна, актерката повторно привлекува внимание со истата фризура која особено со бојата би можела да го зарази целиот свет, а не само Холивуд.

ФОТО: Profimedia