Дуа Липа: Морате да пробате сите ајвар, тоа старо албанско традиционално јадење

742

Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа предизвика бурни реакции во јавноста кога на својот Инстаграм профил објави фотографија со т.н. „Голема Албанија“.

Дуа Липа (24) гостувала во емисијата „Hot ones“ кај водителот Шон Еванс, во која што водителот ѝ поставува прашања додека јавните личноти јадат многу лути пилешки крилца.

„Кој е албанскиот деликатес кој што секој мора да го проба пред да почине?“ – ја прашал Шон.

„О, ајвар!“ – изјавила Дуа Липа која што потоа објаснува како се прави и како изгледа ајварот.

„Тоа е како смеса од печена пиперка, се става во тегла, луто е, може да се јаде со многу работи. Со јајца, со пита од спанаќ која што исто така е уште еден албански специјалитет“ – изјавила таа.