Работниците во центарот за социјални работи во Врање, Душанка М. и Душан Т. се приведени вчера под сомнение дека дале дозвола за посвојување на дете на 10 годишна возраст иако не ги исполнувале условите.
За возврат на нивниот потег, Душанка М. примила мито во вид на мобилен телефон од 1000 евра, пренесува српски Блиц.
Истиот извор наведува дека оваа малверзација се случила минатата година кога во јуни 2019 година осомничените работници во Центарот за социјални работи денеле решение со кое на семејство од Бујановац му е дозволено да посвои дете иако за тоа не исполнувале никакви услови.
„Сулејман Р. и неговата сопруга поднеле барање за посвојување дете и влегле во процес на посвојување. Кога би се исполниле условите, детето би требало да помине прво три месеци на привикнување, да се запознае со членовите на идното семејство и да се види како усвоителите се однесуваат со детето. Но, само што дошло детето во нивниот дом, Сулејман заминал на привремена работа во Швајцарија“ вели извор за „Блиц“.
Па така, момчето во семејството поминало три месеци а притоа не го видело ниту еднаш Сулејман.
„Условите да се посвои дете е да се помине време со двата усвоители, а не само со еден“ додава соговорникот.
Иако не ги исполнувале процедурите, Сулејман и неговата сопруга на сите начини се обиделе да го остварат она што го наумиле. Па така посочените склучиле договор со Душанка нивниот случај да се реши.
„Тие на Душанка и дале мито во вид на мобилен телефон во вредност до 1000 евра за да и покрај неисполнување на условите им помогне околу завршување на постапката за посвојување.
Во тоа помогнал и Душан Т. кој напишал извештај во кој навел лажно дека Сулејман Р. цело време бил со детето во Србија и дека детето се привикнало на него.
Исто така тој напишал дека постојат услови детето да се посвои, притоа Швајцарија не ја навел ниту во еден момент“, наведува соговорникот на крај.