Два гола на Барди од пенал против шампионот Атлетико, Леванте освои бод (ВИДЕО)

476

Енис Барди е херојот на Леванте во дуелот со Атлетико Мадрид на свој терен. Македонскиот репрезентативец постигна два гола против шпанскиот првак, и донесе бод за својата екипа.

Првиот гол Барди го постигна во 37. минута кога тогаш израмни на 1:1. Погоди прецизно во долниот лев агол од голот на Облак, кој беше немоќен.

Вториот гол беше во судиското надополнување, тогаш за ново израмнување 2:2. Погоди Барди во долниот десен агол, а Облак очекуваше во средина за бод на Леванте против фаворитот на овој дуел.

Шпанска Ла Лига е во знакот на Македонците завчера и вчера. За потсетување дека вчера Столе Димитриевски со Рајо ја победи Барселона. Македонскиот голман му фати пенал на Депај, и со тоа неговиот тим оствари голем триумф, што значеше и отказ за Роналд Куман од клупата на „Каталонците“.