Двајца работници загинаа на градилиштето „Белград на вода”

930

Двајца градежни работиници загинаа денеска на градилиштето на комплексот „Белград на вода“ во српскиот главен град, откако паднале од една од зградите во изградба.

Според Б92, екипите на службата за Брза помош што дошле на местото на настанот само ја констатирале смртта на двајцата работници. Несреќата се случила околу 9.30 часот.

Засега не познато како дошло до инцидентот, а полицијата веќе започна истрага за целиот случај.

Според српските медиуми, двајцата работници паднале од 15-от или 17-от кат на зградата.