Двајца ранети во изрешетано „ауди“ во скопска Железара

900

Две лица се повредени по вооружениот напад кој синоќа се случи во скопската населба Железара.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во 00:21 часот по полноќ ноќта кон понеделникот добиле пријава дека на улицата „Ферид Бајрам“ во скопската населба Железара биле слушнати истрели од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека 29-годишниот И.А. и 35-годишниот С.Р., двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „ауди“, сопственост на 33-годишниот Е.С. од Скопје.

Повредените биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.