Голманот на Вардар, Филип Гачевски, ја искористи можноста пред натпреварот меѓу Македонија и Словенија да се сретне со својот стар добар пријател, Јан Облак, кој ќе го чува голот на „змаевите“ на гостувањето во Скопје.
Гачевски не е дел од репрезентацијата, но во „базата“ на Словенија имаше средба со еден од најдобрите голмани во светот, со кого тренираше заедно како тинејџер.
„ЈАС И ОБЛАК ТРЕНИРАВМЕ ЗАЕДНО КОГА ЈАС ИМАВ 18 ГОДИНИ, А ТОЈ ИМАШЕ 16. ТРЕНИРАВМЕ ЗАЕДНО ВО МЛАДИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СЛОВЕНИЈА. И ДЕН ДЕНЕС СМЕ ПРИЈАТЕЛИ И СЕКОГАШ КОГА ИМАМЕ СЛОБОДНО ВРЕМЕ СЕ СЛУШАМЕ. МОЖАМ ЗА НЕГО ДА КАЖАМ ДЕКА Е ФЕНОМЕНАЛЕН ГОЛМАН И ОДЛИЧЕН ЧОВЕК“, ИЗЈАВИ ГАЧЕВСКИ.
Гачевски моментално е најдобриот голман во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и брани во извонредна форма, меѓутоа не е во националниот тим, поради несогласувања со тренерот Игор Ангеловски.