Две лица на автопат тепале камионџија од Србија

1276

Вчера некаде околу 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, пред наплатна рампа „Глумово“, две лица кои биле со патничко возило „мерцедес“, физички го нападнале М.С.(50) од Р Србија, кој управувал товарно возило „ман“, со српски национални ознаки, а потоа со метален предмет го оштетиле стаклото на неговото возило.

За настанот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.