Експлозијата која во вторникот одекнала во индустриската зона во Леверкузен однела два животи, а 31 човек бил повреден. Експлозијата кренала густ облак од црн чад над градот, а уште неколку лица се сметаат за исчезнати.
На пожарникарите им биле потребни три часа да го изгаснат пожарот во погонот во кој се наоѓа и германскиот фармацевтски џин “Bayer”.
“Сочувстувам со загинатите и нивните семејства. Се уште трагаме по исчезнатите луѓе, но надежта дека ќе ги пронајдеме живи полека се гасат”, рекол шефот на Чемпарт, Ларс Фридрих.
⚠️🇩🇪 #Alemania Momento de la explosión en #Bayer #Leverkusen Planta Química #Germany
— Patricio Espinoza 🇨🇱🚒 (@PATRICIOSPINOZA) July 27, 2021
Полицијата вели дека пет од вкупно 31 повреден завршиле во болница со тешки повреди.
“Ова е трагичен момент за Леверкузен”, рекол градоначалникот Уве Рихрат.

Подрачјето околу Чемпарт и околните патишта биле затворени за сообраќај во поголем дел од денот.
Полицијата ги замолила граѓаните да останат дома и да ги затворат вратите и прозорците во случај на ширење на токсичните материи, а од фабриката замолиле да се изгаснат клима уредите додека траат мерењата на токсичните честички.

Леверкузен е оддалечен на помалку од 50 километри од подрачјето кое минатата недела било погодено од тешки поплави. ПОвеќе од 30 фабрики се наоѓаат во погонот Чемпарк.
