Две млади родилки починаа од Ковид-19, бебе е во критична состојба

581

Две родилки починаа по компликации на коронавирус, откако претходно биле породени на ГАК во Скопје, потврдуваат од ГАК за ТВ21.

Едната родилка билка донесена од Инфективната клиника, а потоа префрлена на КАРИЛ поради влошување на состојбата.

Другата пациентка во тешка состојба високо фебрилна на 10-ти е породена, а на 14-ти префрлана на „8-ми септември“ поради нагло влошување на состојбата.

Едно бебе е недоносено, односно породено во 30тата недела, сега е поставено на респиратор и докторите се борат за живот.

И двете мајки биле второротки.