Кога зборуваме за здравјето на коските, многумина веруваат дека единствено калциумот е одговорен за одржување на нивната густина и квалитет. Но, подеднакво важна улога има и овој витамин.
Доколку во организмот постои дефицит на витаминот К, коските се тие кои што се „први на удар“. Научниците дури неодамна откриле дека овој витамин е неопходен за густината на коските и нивниот развој, како и за здрави заби.
Исто така е утврдено дека растителниот К1 е најделотворен облик на витамин К во заштитата од остеопороза и скршеници бидејќи овозможува таложење на калциум во коските, а воедно спречува создавање на остеокласти.
Повеќето луѓе патат од недостиг на овој витамин, а не се свесни за тоа. Овој недостаток може да доведе до предвремено стареење, деформитет на коските како и оштетување на забите.

Кои симптоми можат да укажуваат дека спаѓате во оваа група?
Доколку забележите дека исклучително лесно ви се појавуваат модринки, дури и при најмал притисок, тоа може да биде симптом на недостаток на витамин К. Крварење од носот, долго крварење при повреди и рани кои бавно заздравуваат, како и обилно крварење во текот на менструалниот циклус кај жените, се исто така чести симптоми.
Најдобар извор на витамин К се:
– зелениот зеленчук: спанаќ, тиквички, прокељ, марула, коприва…
– ферментирани млечни производи: јогурт, кефир, кисело млеко, но и путер и сирење
– овошје: јаболко, авокадо, боровница, банана и грозје
– соино масло – само една лажичка содржи околу 25 мг. витамин К
– ако сте на брзање, претворете го своето овошје и зеленчук во сок. Само мала чаша сок од моркови содржи 28 мг. витамин К