Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите соопшти дека локалните избори во земјава треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври.
Џафери треба 90 дена претходно да ги распише изборите, односно во јули, или најдоцна на 1 август, во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии.
Џафери вели дека доколку дојде до тоа заедно да се одржуваат и предвремени парламентарни избори, треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.
За барањето на опозицијата за избори заедно со локалните, истакна дека еден пратеник може да го поднесе предлогот и ако има соодветно мнозинство нека го изгласа.