ЏАФЕРИ: ОВА Е ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР, се врши притисок врз мене, а секој пратеник гласаше за престанок на мандатот

722

Било кој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч, изјави Талат Џафери во вечерашното гостување во Клик Плус на ТВ 21.

Џафери додава дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на парламентот, но дециден е дека со Собранието е веќе завршено.

„На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието“, вели собранискиот спикер.

Инаку до Собранието иницијтива за негово повторо свикување поднесоа пратеници од СДСМ, а на иницијативата не се приклучи ВМРО-ДПМНЕ.