Еден од најпопуларните музички ѕвезди на денешницата, канадскиот пејач Џастин Бибер (25), потврди дека боледува од лајмска болест.
Бибер оваа тажна вест за фановите ја потврди на Инстаграм, истакнувајќи дека тоа ја загрозило неговата кожа, мозочните функции и воопшто здравјето.
И додека многу луѓе зборуваат дека Бибер изгледа како го*но, не се свесни дека неодамна ми е дијагностицирана лајмска болест. И не само тоа. Тоа се одразува на мојот вид, на мојата кожа, мозочните функции, енергија и целокупното здравје. Овие работи ќе бидат објавени во документарен филм кој наскоро ќе биде објавен на Јутјуб. Ќе може да дознаете со што сум се носел и сум се борел. Беа тешки неколку години, но со терапија која ќе ми помогне да ја победам болеста ќе се вратам подобар него било кога“, напишал Бибер.