Латино дивата Џенифер Лопез, неодамна го прослави својот 49-ти роденден, додека нејзиниот партнер Алекс Родригез роденденот го прослави на 27-ми јули.
Изгледа дека Џеј Ло конечно ја пронајде среќата и тоа со бејзбол играчот Алекс Родригез, кој по многу работи е сличен со пејачката. Двајцата се родени во ист месец, важно им е семејството и уживаат поминувајќи го времето во спортски активности.
За неговиот 43-ти роденден, Џенифер одлучила да му напише емотивна порака на Алекс, која воодушеви многу фанови, а не се сомневаме дека го воодушевила и Алекс.
„Драг мој, со тебе го поминувам времето веќе година и пол и сè повеќе те запознавам во вистинско светло. Од ден на ден сè повеќе ме изненадува тоа што си великодушна личност, полна со љубов, како кон мене, така и кон другите околу тебе. Каде и да се појавиш, носиш со себе енергија и насмевка. Но, уште повеќе ме воодушевува тоа што сакаш да го постигнеш, она кон што целиш. Како секојдневно растеш, посегнуваш по нови успеси, се обидуваш да најдеш нови начини за разбирање, нови соништа и нови цели. Те сакам, и ти посакувам денес, а и секогаш да имаш многу среќа, благосостојба која Бог и универзумот можат да ти ја дадат. Среќен роденден Macho Bello! Те обожувам“, напиша пејачката под снимката со сите најубави заеднички моменти.