Џејмс Петифер: НАТО да ја поправи грешката, името на Македонија треба да се врати назад

687

Британскиот професор по балканска историја Џејмс Петифер, коментираше линкувајќи текст од „Република“ на англиски јазик, на пораката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со евроинтеграцијата на Македонија и сите отстапки што земјата ги има направено.

Добро, но би можело да се каже и дека НАТО направи страшна грешка во периодот на администрацијата на Трамп со извршениот притисок за промена на името на Македонија и тоа треба да се врати назад сега“, коментира на Твитер професорот од Колеџот „Сент крос“ во Оксфорд.