Џејсон Мико го оптегна шеснаесеткракото сонце на сред планинска белина во Америка (ФОТО)

959

Џејсон Мико е поранешен почесен конзул на Македонија во Аризона, именуван во 2013 година од претседателот Ѓорге Иванов, како заслуга за неговиот долгогодишен активизам за правата на Македонија.

Мико беше сменет по доаѓањето на СДСМ на власт и беа извадени на виделина договорите за високите хонорари кои ги земал лобистот.

Но Џејсон Мико продолжи со својата агенда и по смената, со што покажа дека Македонија му е во срцето. Тој е пасиониран планинар, а при секое негово искачување го истакнува македонското знаме. Така беше и деновиве:

.„Ја донесов Македонија со себе во високиот предел на Аризона! Тука, кај Фишер Поинт, во близина на Флагстаф, по снегот на Викендот на благодарноста“, напиша на Твитер поранешниот почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона.