Џенифер Лопез прави драстична промена, започнува заеднички живот со Бен Афлек!

526

Новиот почеток на Џенифер, официјално ќе започне многу скоро.

Латино дивата Џенифер Лопез, после 4 години врска, а потоа раскинување со поранешниот бејзбол играч, Алекс Родригез, ја обнови романсата со актерот Бен Афлек.

Сè повеќе време поминуваат заедно, а странските медиуми пишуваат дека сега донеле одлука за заеднички живот. Имено, како што пренесуваат медиумите, Џенифер ќе се пресели кај Бен во Лос Анџелес и со тоа ќе започне ново животно поглавје.

Таа наводно ги спакувала работите од луксузниот дом во Мајами и заедно со децата, Ема и Максимилијан (13), кои ги доби во брак со пејачот Марк Ентони, се упатила во Лос Анџелес.

Не е познато кога ќе почнат со селидбата, но извор близок на пејачката рекол дека таа сака Калифорнија да биде нејзин нов дом.