Џордан против Југославија во Задар: “Ништо не укажуваше дека ќе стане најголем”

601

Легендарниот Мајкл Џордан како 19-годишник гостувал во Југославија на пријателски натпревар.

Пред 3.000 гледачи во салата во Задар, Џордан со младата репрезентација на САД ја совладал Југославија со 92:90.

Тие 3.000 сведоци не ни замислувале дека на 23-ти јуни 1982-ра година гледале еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч во историјата.

Селекцијата на Југославија, предводена од Дражен Петровиќ, се подготвувала за Светското првенство во Колумија и тоа против Џордан, кој само три месеци претходно ја завршил сезоната во Северна Каролина со титула во NCAA.

Џордан блескал во Задар во 24 поени во меч во кој САД славеле со кош на Џон Паксон во последната секунда.

Петер Вилфан, преку кој Паксон дал кош, се потсетил на тој напад.

“Погоди после повратна топка некаде од линијата за слободни фрлање, иако бев коректно поставен. Знам дека внимававме Џордан да не ја добие топката. Сум играл против Мајкл и порано, велеа дека ќе биде еден од најдобрите, но не беше ништо посебно. Селекторот Боша Тањевиќ ми кажа да го чувам и добро го правев тоа, не прими топка 8 или 9 минути, а потоа една ми побегна и даде кош, а Боша ми викаше”, рекол Вилфран за Index.

Легендарниот ас на Чикаго го чувал и Ацо Петровиќ.

“Имаше многу дуели меѓу мене и Џордан, но ништо не укажуваше дека ќе стане најдобриот играч во историјата, беше обично дете со свои фобии, а јас бев прилично агресивен и безобразен”, додал Петровиќ.