Џорџ Атанасовски: Сакам да бидам крал на Македонија

1445

Сопственикот на Телевизија Сонце, Џорџ Атанасоски беше гостин во емисијата “Јади Бурек”, кај водителот Јанко Илковски.

Џорџ Атанасоски е успешен бизнисмен во Соединетите Американски држави. Тој е сопственик на хотели и ресторани на Флорида, едно од најпознатите туристички центри во Америјка, па и во светот.

Атанасоски се согласи да се вклучат и гледачите во емисијата кои му поставуваа прашања околу различни теми. Многумина од нив посакаа Атанасоски да ја води оваа држава, однодно да дојде нов лик на политичката сцена.

Атанасоски изјави дека негова желба е по учеството на идните избори да ја освои власта, односно ја бара поддршката од гласачите, но не да биде некој обичен функционер, туку тој би сакал да биде Премиер или Претседател на оваа држава, или!

Џорџ Атанасоски изјави дека тој би сакал да стане Крал на оваа држава. Водителот беше збунет и го постави повторно прашањето, а Атанасоски одговори: “Зошто да не!”