Џорџина Родригез позирала со Кристијано Роналдо и четирите деца, а на сите вниманието им го привлекло нејзиното издание.
Убавата Џорџина често позира во сексапилни комбинации, а следбениците на социјалната мрежа Инстаграм неретко се воодушевени од нејзините фотографии во танга.
Џорџина овојпат објавила фотографија со целото свое семејство на која што со нејзиниот вереник и четирите деца се наоѓа во базен.
„Одевме не барајќи се, но знаејќи дека ќе се сретнеме. Мојот живот“ – напишала таа покрај објавата.
На следбениците на Џорџина најмногу внимание им привлекло тоа како таа е облечена…
Имено, коментарите биле упатени за нејзиното бикини кое што повеќе открива отколку што покрива, а некои сугерирале дека таа носи маица и танга. Дел од луѓето истакнале дека не носи воопшто долна облека и дека тоа е навистина непримерно поради тоа што позира во близина на своите деца.
„Зошто толку многу сакаш да го покажуваш своето тело?“, „Навистина претера“, „Кристијано е голем среќник“, се само дел од коментарите на објавата.