Џорџина Родригез објавила емотивна порака за Роналдо по вчерашната победа

979

Со вчерашната фантастична игра, Јувентус на чело со Кристијано Роналдо го победи Атлетико Мадрид и пројде во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Додека фудбалерот славел, неговата девојка Џорџина Родригез не можела да ги сокрие солзите, а на Инстаграм му посветила емотивна објава.

Роналдо вчера постигна по еден гол со глава во двете полувремиња, а неговиот одличен настап го круниса со трет гол кој го даде од пенал. Стадионот полуде од среќа, а семејството на фудбалерот не можело да ги скрие солзите.

“Овие 3:0 никој не може да ти ги украде. Го заслужи ова, не само поради трите постигнати голови оваа вечер туку поради твојата посветеност, за она што го постигнуваш во клубот за кој играш. Ти ги носиш твоите соиграчи, тренери и сите оние кои те сакаат и поддржуваат секој ден. Кармата постои, Бог го знае тоа, Бог ти го дава тоа бидејќи фудбалскиот свет е твој. Те сакаме” – гласи емотивната порака на Георгина.

Заедно со пораката, Родригез објавила фотографија од Роналдо како дете.