“Ѕирнете“ во оваа спектакуларна вила вредна 500 милијарди долари

640

Некој среќник кој што во себе има 500 милиони долари вишок, може себеси да си подари спектакуларна вила со 20 спални соби, базени, салони, ноќен клуб и многубројни други предности.

Станува збор за врвен имот на Бел Ер, кој во изградба бил седум години и сега конечно се нашол на пазарот со цена од половина милион долари.

Доколку истиот се продаде, тоа ќе биде најскапата вила во Америка.

Наречена е „The one“ и е дело на некогашниот филмски продуцент Нил Ниами со големина од 10.000 метри квадратни којс во себе има многубројни понуди, како ноќен клуб со ВИП соба, 20 спални соби, вклучувајќи ја и главната спална соба од 550 метри квадратни, IMAX приватно кино со 45 седишта и соседи како што се Џенифер Анистон и Илон Маск.

Експертите од светот на недвижнините веќе реагирале на превисоката цена за овој имот, но Ниами одбива да го промени своето мислење, притоа изјавувајќи: „Кога имате нешто што е многу ретко, како на пример Мона Лиза – може да барате било што за тоа“.