”Ѕирнете” во внатрешноста на фасцинантната Кеопсова пирамида – видео кое ќе ве остави без здив

696

Во оригиналната верзија била висока 146.5 метри, додека таа денес има висина од 138.8 метри.

Пирамидата на Кеопс или позната како Куфу, денес е дефинитивно најголемата пирамида која што е сочувана од седумте светски чуда во античкиот свет.

Нејзиниот градител, фараонот Куфу познат под грчкото име Кеопс ја градел, како што се смета според мислењето на египтолозите, околу 20 години – помеѓу 2509 и 2483-та година пред Христос.

Во пирамидата се наоѓаат многубројни ходници и премини и три огромни комори, а секако дека најпозната е Големата галерија – најголемите одаи кои што досега биле откриени во нea.

Благодарение на 3D видео на Би-би-си, сега добивме можност виртуелно да ”прошетаме” низ цврсти камени блокови и да ги откриеме скриените премини и простории.

Погледнете го фасцинантното видео: