Фудбалерот на Бока Јуниорс и репрезентативец на Колумбија, Себастијан Вилја се најде на удар на јавноста во Јужна Америка откако неговата девојка објави дека тој ја претепал во нивниот стан.
Даниела Кортес го обвини еден од најдобрите фудбалери на Бока за физичко насилство, а фотографии и видеа од повредите објави и на социјалните мрежи. Таа отворено порача дека насилството врз неа траело подолг период и дека не планирала веќе да молчи и да ја трпи оваа тортура.
– За жал мора да го сторам ова денес затоа што веќе не можам да го трпам ова што ми се прави. Две години живееме заедно и ова не е прв пат да се случува. Му простував и мислев дека ќе се промени, но нема. Ова го објавувам затоа што сакам да видат сите каква ѕверка е тој, -напиша Даниела на својот Инстаграм профил. Психичкото и физичкото злоставување трае некое време, а јас имам и сведоци за тоа. Не можам да разберам некој да е во состојба ова да го стори. Чувствувам голема блка затоа што сум далеку од своето семејство и се плашам дека ќе се случи нешто уште пострашно. Ова е вистината за Себастијан Вилја, човекот кој тепа жени, а јас знам дека не сум единствената на која и го сторил ова. Од него сакам помош само за да се вратам во својата држава и да бидам со своето семејство и ќерката затоа што со него веќе не сакма да бидам, – напиша Даниела на социјалните мрежи.