Ѕвезда не запира! Холанд слета во Белград! (ВИДЕО)

407

По ангажманот на Немања Недович и Хасан Мартин во Белград пристигна уште едно ново засилување. Довчерашниот играч на Бурсаспор, американецот Џон Холанд е нов адут на “црвено/белите”.

33-годишниот ветеран потпишува едногодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Холанд лани стана вистински љубител на навивачите на турскиот тим. Во досегашната кариера има богато искуство. Имаше кратка NBA епизода од 25 натпревари во дресот на Кливленд Кавалирс, а настапуваше и за Бешикташ, Севиља, УНИКС Казан, Хапоел Јерусалем итн. Холанд поседува порторикански пасош и има настапувано за оваа репрезентација. Лани беше еден од најзаслужните за големиот успех на Бурсаспор кој стигна до финалето на Еврокупот.

Црвена Ѕвезда со својот моќен тим ќе имаме можност да ја гледаме во Скопје следната сезона кога ќе гостуваат на нашиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром во рамките на “јадранската” АБА лига.

Димитар Младеновски