Ѕвездата од филмовите за возрасни го „упропасти“ португалскиот фудбалер: „Го имаше најмалиот полов орган – црвче“

786

Некогашната ѕвезда од филмовите за возрасни, Мари Сиело ,во својата автобиографија открила детали од односот со еден португалски фудбалер.

Во нејзината книга која што е наречена „Мемоарите на една к*чка“, без влакна на јазикот зборувала за мажите со кои што имала сексуален однос.

Еден од нив бил и португалскиот фудбалер чиј идентитет не сакала да го открие, но ги изнела сите детали за неговата „гордост“.

„Речиси се стемни, а тој реши дека е време да одиме во кревет. Кога ги соблеков неговите гаќи го видов најмалиот пенис во мојот живот. Имаше микропенис. Ќе ми беше потребен микроскоп, пинцета или пак GPS за да го дофатам“, била духовита некогашната ѕвезда од филмовите за возрасни.

„Нема никогаш да кажам за кој фудбалер станува збор затоа што не сакам да му го упропастам животот. Неколку пати имавме односи, има импресивни мускули и грб, но кога ги соблече гаќите, бев непријатно изненадена. Беше толку мал, како изгубен црв во прашумата на Аризона“, сликовито опишала таа.