Ед Ширан доби тужба од 100 милиони долари, “Thinking Out Loud” е плагијат?

841

Британскиот пејач Ед Ширан го заведе целиот свет со својата песна “Thinking Out Loud”, но изгледа дека баладата која стана хит всушност е копија.

Ширан доби тужба од семејството на покојниот Марвин Геј и неговата компанија, која тврди дека младиот Британец украде премногу детали од неговиот хит “Let’s Get It On”. Тие бараат од него 100 милиони долари.

Ова е втора тужба против пејачот за истата песна. Ко-авторот на песната на Геј, “Let’s Get It On”, Ед Таунсенд веќе го обвини Ширан, бидејќи тврди дека пејачот им ја презел мелодијата, басот, темпото и ритамот на хитот од 1973 година.

Поради кражба на истиот хит веќе се обвинети и Фарел Вилијамс и Робин Тик, кои направиле успешна копија од песна на Марвин за нивиот хит “Blurred Lines” од 2015 година и морале да платат 7,4 милиони долари.