Еден милион кинески вакцини пристигнуваат во Албанија (ВИДЕО)

657

Премиерот на Албанија, Еди Рама на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека обезбедил 1 милион кинески вакцини.

– Обезбедивме милион вакцини, пола милион треба да пристигнат во наредните дена, а денеска во Тирана пристигнуваат 192.000 дози – стои во објавата на Рама.

Тој моментално е во посета на Турција, а на Фејсбук објави и видео додека вакцините додека се товараат вакцините.