ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА во енергетика: Средба на премиерот Мицкоски со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата

294

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата која изразува интерес за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра.

Како што информираа од владината прес-служба, во 17:30 часот премиерот Мицкоски ќе одржи заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата.