Барселона ќе ја има најстрогата контрола за изнајмување соби за туристи на светот.
Луѓето кои што изнајмуваат соби за туристи во Барселона на по неколку денови, наскоро тоа нема да смеат да го прават затоа што градот е на чекор до носење на нов план кој што исклучително „загрижува“.
Напливот на туристи кои што секоја година ја посетуваат Барселона е загрижувачки, сметаат властите, но и жителите на овој привлечен град.
Тамошната власт е загрижена поради прекумерниот број на туристи и стравува да не станат „изгубен случај“ како Венеција.
Имено, популацијата во Венеција од 180.000 жители од 60-тите години на минатиот век, денеска опаднала на 60.000 жители поради тоа што над 2 милиони посетители секоја година го посетуваат градот.
Ситуацијата во Барселона сè уште не е драматична затоа што од една страна таа е многу поголема од Венеција, додека истражувањата на јавното мислење покажуваат дека жителите на Барселона се „протуристички насочени“.
Сепак, како дел од пакетот мерки креирани да се заштити долгорочното изнајмување соби и станови, канцеларијата на градоначалникот предложува план кој би значел издавање на соби на 30 дена и подолго.
Планот опфаќа и други мерки, како што се ограничувања на работата на платформата „Airbnb“.
Доколку овој план се прифати Барселона ќе има најстрога контрола во изнајмувањето соби во светот.
Целта на планот е да се воведе некој ред во индустријата, затоа што бројот на туристи во Барселона расте секоја година, па сè почести се критиките на локалците поради превисоките цени, поради премалиот простор за живот, како и поради лошиот квалитет за живот и постојаната врева која што ја прават туристите.