Едноставен и евтин трик: Две намирници кои ќе ви помогнат да се ослободите од комарците

987

И покрај разните спрејови и препарати што се продаваат, комарците се едни од најлошите летни чудовишта.

Сепак, постои начин да ги избркате, и тоа многу поевтино и поефикасно од веќе споменатите спрееви и другите препарати.

Потребен ви е само еден лимон и каранфил.

Лимонот исечете го на половина, и во секоја половина вметнете каранфил. Така подготвениот лимон ставете го на местото каде што спиете, па на тој начин овие досадни инсекти ќе избегаат од вас.

Многу е едноставен и евтин, а сè што ви е потребно се овие две намирници.

Овој народен препарат исто така делува и за мравките и мувите, а одличен е и како освежувач за просторија.