Чиле се наоѓа на најјужниот дел на Јужна Америка, па јасно ви е дека во моментите на зима во нашата земја, некој таму ужива на некоја од многубројните плажи.
Брегот на Чиле се протега на 4.184 метри долж Пацификот. Секој ден е ведро, а дожд речиси и да нема! Единствена причина поради која нема дожд е тоа што океанската вода е студена, па бидејќи не може да дојде до испарување, не се формираат ни облаци. ТОа не значи дека секаде во Чиле морето е студено. Постојат заливи и природни базени во кои морето е многу топло.
Некои плажи имаат тиркизно сина вода
Посеверните плажи во Чиле се такви што ќе имате чувство дека се наоѓате на егзотичен остров. Белиот песок во комбинација со тиркизно море е најдобро видлив на плажата Бахиа Инглеса. Тука е и плажата Ла Вирген, до која се доаѓа со автомобил по земјен пат. Сепак, цело време глетката ќе ви го одзема здивот.
Одлични плажи за долги прошетки
На само два часа од Сантијаго, се наоѓа Запалар, една од најубавите плажи во целата земја. Елегантните летни куќички се наоѓаат длабоко во шумата, а карпите од кои удираат брановите и ширината која е пред вас се идеални за шетање.
Нудистички, “опуштени” и плажи за сурфање
На брегот од повеќе од 4.000 километри има за секого по нешто. Сурферите ќе пронајдат бранови на секоја долга плажа, а постојат и такви посебно опремени за нив. Постојат и плажи за сите оние кои сакаат да се опуштат со тивка музика и да уживаат во погледот. Има и плажи за љубителите на нудизмот. Плажата Луна е една од нив, а се наоѓа меѓу две популарни плажи, а тука е и Пучункава, која има природна заштита од погледи. За младите, кои сакаат забави, има неверојатно голем број на “парти” плажи. Најблиската плажа до Сантијаго е Виња дел Мар, каде забавата трае до доцна во ноќта.