EК го опомена Харадинај за „Голема Албанија“, се појави повик за пакт меѓу Србија, Црна Гора, Грција и Македонија

589

Политичките лидери на Западен Балкан да промовираат соработка, бараат од Европската Комисија(ЕК).

ЕК изрази несогласување со поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој пред неколку дена  изјави дека доколку на Косово не му се овозможи напредок кон членството во ЕУ, НАТО и ОН, ќе биде организиран референдум за обединување на таканаречена „голема Албанија“.

„Политичките лидери во регионот треба да даваат пример во промоција на клима на меѓусебна доверба и да негуваат добрососедски односи, регионална соработка и принципи и вредности за кои се залага ЕУ“, велат од ЕК за Танјуг.

Се додава дека тоа се однесува и на периодот на изборната кампања во која моментално се наоѓа Косово.

Харадинај потоа рече дека ако Србија го признае Косово, нема да има потреба од референдум за обединување со Албанија.

Движењето за обнова на Кралството Србија упати повик до српската Влада да потпише договор со Црна Гора, Грција и Македонија со кој ќе се борат против проектот „Голема Албанија“, пренесе Танјуг.