Екс играчот на Реал порача: Ако Иско не го видам во прв состав против Ајакс, ќе го напуштам стадионот

858

26 годишниот Иско се уште нема јасна слика околу тоа што ќе се случува со него во Реал Мадрид, дали и понатаму ќе биде оставан на маргините од тренерот Солари или да реши да направи трансфер во друг европски клуб.

Иско редовно тврди дека сака да остане во Мадрид, но дека не знае што му носи иднината, а од друга страна, Солари прилично е резервиран по прашања кои го засегаат Иско.

Но Иско сега добива поддршка од некогашниот ас на Реал Мадрид, Ван Дер Варт, кој тврди за Иско дека е најдобар светски играч.

Иско е луд за мене, најдобар светски игра. Но по некој случај, тој редовно има проблеми со тренерите, прво со Зидан кој не му веруваше 100%, сега со Солари. Кога ќе играат Реал и Ајакс во ЛШ, ќе видам дали ќе игра, ако не е во прв состав, ќе го напуштам стадионот. Навистина сакам да го видам меѓу две големи екипи, Ајакс е импресивен, има многу таленти кои сакаат да победат и играат фантастичен фудбал кој сакам да го гледам, но би порачал пак, сакам Иско да го видам во првиот состав“, порача Ван Дер Варт.

Како за напомена, Ајакс и Реал Мадрид играат во елиминационата фаза од ЛШ во осминафиналето.