Цели 28 години успешно опстојува на домашната балетска сцена. Потекнува од уметничко семејство, и нејзината мајка исто така била балерина, а со балет се занимава уште од својата 9 – та година. Повеќе од 25 години е во брак со екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и е мајка на синовите Јордан и Александар. Нејзиното име е Александра Мијалкова. Иако важи за една од најуспешните жени кај нас, Сандра како што најблиските ја нарекуваат зрачи со скромност и е поприлично едноставна и отворена. Во нејзино друштво никогаш нема да ви биде монотоно. Поседува исклучителна енергија, има неверојатна смисла за хумор и харизма на која што можат да и позавидуваат многумина. Деновиве беше гостинка во Бекстејџ , а на интервју се појави во друштво на својот миленик, односно прекрасната Царина која што е дел од нивното семејство веќе четири години.
Што се откри примабалерината дознајте во видеото во продолжение: