Експеримент за борба против ширењето на коронавирусот во италијанското гратче Ву во регионот Венето на почетокот на кризата резултираше со целосна елиминација на нови случаи, пренесува Фајненшал Тајмс.
Здравствените работници постојано ги тестирале сите 3.300 жители на коронавирус, без оглед дали покажувале симптоми на болеста. Ако се утврдело дека некој е коронавирус позитивен, го ставале него и сите во контакт со него под строг карантин. Благодарение на овој режим, успеале да го запрат ширењето на болеста.
Андреа Крисанти, специјалист за инфекција од Империал колеџ во Лондон и учесник во експериментот во Ву, ги повикува сите земји,каде што е ограничено тестирањето, вклучително и Велика Британија и Соединетите држави, да го земат пример од овој италијански град и да започнат со потемелно тестирање на повеќе граѓани.
„Постојат многу заразени луѓе во Велика Британија кои целосно го игнорираат тоа“, изјави Крисанти за „Фајненшал тајмс“. „Можевме да го запреме ширењето на инфекцијата со пронаоѓање на „скриените“ заразени и изолирање од нив. Тоа е клучно“.
Нивниот успех ја потенцира важноста на тестирањето и изолирањето и е поддржано од Светската здравствена организација (СЗО). СЗО ги повика сите земји оваа недела да направат агресивно тестирање, истакнувајќи дека Јужна Кореја и Тајван го намалилер ширењето на инфекцијата до одреден степен. „Нашата клучна порака е,„ тест, тест, тест ““, рече во понеделникот шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејзус.
Крисанти рече дека овој необичен и на многу начини случаен експеримент им овозможил на научниците да создадат комплетна „епидемиолошка слика“ на болеста.
Тестирањето започнало како мерка откако првиот човек од ова гратче починал од Ковид-19 на 22 февруари. Не е јасно зошто бројот на заразени во северна Италија драматично скокна пред истото да се случи во остатокот од Европа. Крисанти и другите веруваат дека ова се случи затоа што тој дел од Италија е во тесна врска со Кина во економски поглед.
Првиот круг на тестирање спроведено кон крајот на февруари во Ву покажа дека три проценти од населението било заразено со коронавирус, но дека половина од заразните не покажале никакви симптоми на инфекција. По изолирањето на заразените,по десет дена бил спроведен втор круг на тестирање, што покажа дека стапката на инфекција на населението се намали на 0,3 проценти.
За време на вториот круг од тестирањето, биле утврдени шест заразени лица кои немаат симптоми. Ова значеше дека тие исто така може да бидат ставени во карантин. „Ако не ги откриевме, заразата ќе продолжеше да се шири“, објасни Крисанти.
Властите во италијанскиот регион Венето сакаат да продолжат агресивно да ги тестираат жителите. Тие имаат за цел да земат најмалку 11.000 брисеви на ден. „Ако некој се јави на нашите специјални телефонски броеви и рече дека е болен, сите членови на семејството на таа личност тестиранат, како и сите негови пријатели и секој што живее близу до тоа лице“, рече Крисанти.
Лука Заја, претседател на Венето и иницијатор на проектот во Ву, ја поддржа иницијативата за агресивно тестирање. „Носител без симптоми може да зарази десет лица. “, рече тој.