Експлодирал брод со азотна киселина, сè се излеало во море

708

Бродот кој пренесувал 25 тони азотна киселина, се запалил кај пристаништето Коломбо.

Контејнерскиот брод Екс-Прес Перл (The X-Press Pearl) кој патува од Индија до Шри Ланка, рано утрово бил потресен од експлозија.

Бродот кој пренесувал 25 тони азотна киселина, се запалил кај пристаништето Коломбо, додека Шри Ланка распоредила авиони и бродови на морнарицата да помагаат во гасење на пожарот.

Утрово бродот претрпел експлозија, целиот екипаж се евакуирал, а најмалку осум контејнери кои содржат киселина, потонале во морето.

Властите издале забрана за пливање во близина на местото каде што се случил инцидентот.

Засега не се знаат причините за експлозијата.