Експлозија на автобус кај египетските пирамиди, повредени повеќе туристи

708

Силна експлозија вчера уништи туристички автобус во близина на новиот Голем египетски музеј што се гради во областа на пирамидите во Гиза, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори од египетските безбедносни служби.

Изворите засега не дале никакви информации за евентуални жртви, но на социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетениот автобус и повредени туристи.

Според информации кои ги пренесоа локални медиуми, при експлозијата се повредени најмалку 12 лица. Во автобусот патувале претежно странски туристи.