Не е познато дали има повредени или жртви во експлозијата во Минхен.
Кај железничка станица во Минхен во Германија се случила експлозија. Во моментот на детонацијата железничката станица била полна со луѓе, соопштила денеска полицијата.
Une bombe de la Seconde Guerre mondiale explose près de la gare de #Munich 🇩🇪https://t.co/tkouTqP09z
— Ascensi (@ascensi) December 1, 2021
Како што се дознава, експлозијата се случила за време на изведување на градежни работи кај станицата Донерсбергербруке.
Не е познато дали има повредени или жртви во експлозијата, а на самото место се службите за итна помош и полицијата, пренесува “CNN”.
Железничкиот сообраќај е сопрен, а полицијата рекла дека “нема опасност надвор од подрачјето”.