Додека шефот на мексиканската нарко-мафија, Хоакин Ел Чапо Гузман во самица го чека судењето, кое почнува оваа недела, неговата империја тешка милијарди долари и натаму цвета под управата на двајцата негови омилени синови: Иван Арчивалдо Гузман Салазар и Хесус Алфредо Гузман Салазар.
“Нема сомнение дека обвинетиот и неговиот картел имаат моќ, ресурси и желба да им наштетат на сведоците кои се подготвени за соработка, дури и ако го променат местото на живеење”, предупредиле адвокатите на 28. октомври пред судијата Брајан Коган, пренесува “New York Post”.
Се очекува дека судењето на Гузман, кој се изјаснил како невин по 17 точки од обвинението за трговија со дрога, заговор за убиство и перење на пари, ќе трае најмалку четири месеци, пишува “New York Daily News”.
Иван Арчивалдо и Хесус Алфредо се подготвени да го преземат неговиот бизнис, а Ел Чапо ги добил со првата сопруга Марија Алехандрина Салазар Ернандез, со која оженил во 1977. година. Нивниот трет син Цезар бил убиен пред шест години.
Афредо минатиот месец бил ставен на листата за десет најбарани лица на американската Управа за борба против нарко-криминал. Во 2009. година бил обвинет за трговија со дрога во Илиноис, а за информации кои ќе помогнат неговото апсење распишана е награда од 5 милиони долари.
За разлика од својот татко, кој се криел, двајцата браќа отворено водат луксузен живот во Мексико и се фалат на социјалните мрежи.
Се верува дека Ел Чапо има најмалку 15 деца, а избор од американската сојузна полиција верува дека “можеби има повеќе”.
На судењето ќе сведочи и Мајк МекГоуен, поранешен агент на Федералното истражно биро, кој одел во затвор во Мексико да се зближи со Ел Чапо, претставувајќи се како шеф на италијанската мафија.