Ел Чека вечерва објави нова аудио бомба во која зборува како се местат тендери меѓу функционери на ДУИ?
Фекри Ахмети (брат на Али Ахмети) и Муса Џафери во телефонски разговор зборуваат да не ги изгубат тендерите во ТЕЦ Осломеј, и не само за таму, туку и за други места и разговараат како добивката ќе си ја делат меѓусебно заедно со Фатмир Дехари.
– Како си господине Џафери.
– Добро сум. Ти?
– Те барам за Комисијава во ТЕЦ Осломеј, за тендерот…За Комисијата која одлучува за ТЕЦ, таму не треба да изгубиме..
…(титлувањето и преводот на разговорот е во подготовка)
Интересно е што во споделувањето на овој разговор на ФБ објавен од Ел Чека се споменува Сами Укшини, алијас Командант Соколи.
Уште поинтресено е што Сами Укшини е во затвор.
Дали објавувањето на овој разговор на Ел Чека е резултат и кореспондира и со неодамншени инциденти кои се случија во Мала Речица, односно, незадоволството на Командантите од Али Ахмети, останува да видиме.