Ел Чека со закана до Заев: Доколку нема меѓународна истрага, тогаш очекувај уште едно Куманово среде Скопје

1149

Зоран Заев, имам една порака која треба да ти ја пишам тебе и на сите оние околу тебе. Порака која не само што ќе го падне вашиот задник од фотелјата ако продолжеш така, туку и ќе барате место каде да го скриете заедно со вашите колеги од двете страни со кои секоја година продолжувате со политиките против албанскиот народ, му се обраќа преку ФЕјсбук Ел Чека на Заев.

-Ти самиот изјави дека Али Ахмети и Садула Дураку имаат прст во случајот Куманово заедно со некои други лица од редовите на ДУИ, бидејќи за Мијалковци и Груевци знаевме и не очекувавме друго нешто од нив. Дури и претседателот кој е од редовите на вашата партија изјави главните сторители не се осудени. Затоа, ако не се отвори меѓународна истрага за случајот Куманово, истрага за да се расветлат сите убиства на војници и команданти на ОНА, командант Тели, Харун Алиу и многу други предавства и убиства од страна на државата која вие ја водите, ако не се побара меѓународна истрага за сите неправедни апсења на Албанци во текот на сите овие години, ако не одат во затвор криминалците кои предаваа и убиваа, крадеа и затвараа, тогаш очекувај уште едно Куманово на сред Скопје. Ако продолжете вака Струмица ќе ви изгледа многу далеку, немате друг избор, затоа или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот. ЗАЈЧЕ ова не го сметајте за закана, не е закана, тоа е настан кој ќе се случи ако нема меѓународна истрага. Имаме толку крв за да истураме на корените на дрвото на слободата, и имаме многу животи да дадеме за да го запреме одземањето на нашите животи од страна на државата МОНСТРУМ и нивните ортаци од ДУИ. Одлуката донесете ја вие премиере на заробените, предупредува преку Фејсбук статус на својот профил Ел Чека.